Изложба на уметници од Меѓународната уметничка колонија на Попова Шапка

/

Со отворање на колективната изложба заврши 14-та Меѓународна уметничка колонија во организација на Уметничка галерија Тетово. Пред тетовската публика изложени се делата на 16 уметници создадени во текот на колонијата што се одржи од 26 до 31 август на Попова Шапка.

-Имавме 16 учесници на Колонијата од повеќе држави – Северна Македонија, Косово, Албанија, Италија, Украина и Бугарија. Тие пет дена, уметниците имаа можност да создадат дела со различни техники, со различни форми, различни креации, уметничкиот израз беше слободен. Така сметавме дека е најдобро. Многу сум горд што успеавме да ја збогатиме нашата продукција со вакви прекрасни дела од многу значајни автори. Имавме спој на уметници од повозрасните генерации кои се измешаа со помладите генерации, со цел размена на искуства едни од други, како и спој на различни култури, изјави директорот на Уметничка галерија Тетово, Илир Куртиши.

За време на колонијата создадени се повеќе од 30 дела, а уметниците се претставуваат на изложбата со избор на едно дело кое ќе остане во колекцијата на Уметничката галерија во Тетово. Уметничките слики ќе бидат изложени во следните седум денови.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Којабашев: Иницијативата за референдум нема да биде пречка за исполнување на обврските што ги презеде Скопје

Следна статија

Перев за Радио Благоевград: Подемот на МПО во САД се должи на семејство Лебамови, генералниот конзул Светослав Станков и на старите организации како МПО-Пирин

Најново од Вести