| |

Перев за Радио Благоевград: Подемот на МПО во САД се должи на семејство Лебамови, генералниот конзул Светослав Станков и на старите организации како МПО-Пирин

„Идејата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум во однос на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е јалова идеја, таа нема да успее“, ова го изјави Владимир Перев во интервју за Радио Благоевград дадено на 12-ти септември, пред новинарката Бојка Браткова.

Перев е дециден дека ниту Парламентот ниту Владата ќе дозволат да се спроведе таков референдум.

„Во овој момент бугарската кауза доживува подем на американскиот континент. Овој подем е заслуга повторно на семејството Лебамови, на младиот Томас Лебамов, кој го презема еден дел од раководењето на организацијата и напорната работа на генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков. Тој работеше напорно за вклучувањето на целиот бугарски елемент во САД во МПО каде што се зајакнаа старите организации МПО-Пирин, МПО- Баштин крај и др. Тоа е успех на бугарската надворешна политика“, вели Перев, како коментар на одржаната во Форт Вејн САД 100-та јубилејна конвенција на МПО.

Во однос со случајот со куќата на Димитар Талев во Прилеп, Перев го изјави следното:

„На улицата, на 50 чекори од куќата на Димитар Талев се наоѓа куќата на бугарскиот министер за надворешни работи Башев. Во близина е и куќата на Коста Црнушанов. Тука се наоѓа и куќата на сопругата на еден од основачите на ВМРО, Христо Батанџиев. Тоа е цела една улица полна со куќи заборавени од бугарската држава во последните 100 години. Овде не се работи само за една куќа која веќе е полуразрушена, станува збор за интересот кон цело едно културно наследство“, изјави Перев.



Слични Објави