ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ И НЕГОВИОТ КОЛЕГА ГРКОТ ЛИГОРАЌ КАРАМЕЛО ЗАЕДНО ПРОТИВ КАЗНИТЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС ВО АЛБАНИЈА

– Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски заедно со пратеникот од грчкото малцинство, ќе поднесат амандман за укинување на казната во законот за попис во графата за етничка припадност. Тие оценуваат дека членот со кој се предвидуваат казни е во спротивност со меѓународните инструменти кои гарантираат слобода на изразување, пренесува Опсервер.

loading...

-Заедно со мојот колега пратеник од грчкото малцинство, Лигораќ Карамело, ќе предложиме амандман за укинување на членот 22 од законот за попис со кој се предвидуваат парични казни од 50.000 до 100.000 леки (410 до 820 евра), за давањето податоци на прашањето за етничко потекло, доколку е во спротивност со податоците запишани во граѓанскиот регистар. Сметаме дека со укинувањето на овој член претставниците на малцинствата ќе може слободно да ја изразат нивната етничка припадност, изјави за МИА Стерјовски.

Целиот напис прочитајте го овде.


loading...