ОДЛОЖЕНО ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“

Поради отсуство на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев, одложено е денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, јавува Лидер.

Од Кривичниот суд инфорираа дека Ставрев бил отсутен поради отворено боледување.Во судот денеска дојдоа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство. Новото рочиште е закажано за 19 август.