ВМРО-ДПМНЕ: ЗОРАН ЗАЕВ Е ЕДИНСТВЕН ЧОВЕК КОЈ ШТО СЕ КОЦКА СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА И НАРОД
Зоран Заев е единствен човек кој што се коцка не со свои пари, туку со сопствената држава и народ.
Признанието на Заев дека при потпишувањето на капитулантскиот договор за промена на името , го ставил и народот “ол ин” е потврда дека договорот со Грција е договор за спас на кариерата на Заев, а не за доброто на државата и народот, бидејќи тие за него се само влог, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Конечно по долго прикривање од граѓаните, Заев призна и дека свесно ги лаже и манипулира.
Тој ги манипулираше граѓаните кога велеше дека нема да се менува Уставот, а сега гледаме дека ќе се менува, па незнаејќи како да ги објасни штетите ги крие амандманите од јавноста.
Заев ги манипулираше граѓаните и кога кажа дека името ќе биде само за надворешна употреба, за само по две недели откако ја даде таа изјава да застане зад име за севкупна употреба.
Заев ветуваше многу , а не реализира ништо. Се што вети се покажа дека е манипулација.
Зоран Заев по се што и направи на државата, надворешниот срам, проследен со рушење на сите меѓународни позиции градени со децении и понижувањето со договорите кои ги склучи, но и со економскиот дебакл кој и го приреди на државата , покажа дека нема капацитет да ја води државата.
Манипулаторот Зоран Заев мора да си замине пред штетите за државата да бидат преголеми, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.