ПОВЕЌЕ ОД 3000 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОТИДАТ НА МАРС, САМО ЗА ДА СЕ ЕВАКУИРААТ ОД МАКЕДОНИЈА

Вкупно 3,322 лица од Македонија досега ги дале своите имиња за да им бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб сајтот на вселенската агенција, јавува А1 Он.

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

Од регионот, своите имиња ги испратиле 19.764 лица од Грција, 8.525 од Србија, 7.113 од Бугарија, 7.051 од БиХ, 6.181 од Хрватска, 4.388 од Албанија, 2.920 од Словенија и најмалку 850 од Црна Гора.