| |

РУСКОСКА: ОДБРАНАТА ВЕЛИ СНИМКИТЕ БИЛЕ СЕЧЕНИ, ЛЕПЕНИ И МОНТИРАНИ, ПА ФАЛЕШЕ УШТЕ ДА СПОМНАТ ЖОЛТИ КОМБИЊА!

Обвинителката Вилма Рускоска на почетокот на денешното судење за случајот “27 април” одговори на приговорите на адвокатите дадени на минатото рочиште.

Тие реагираа дека обвинителствотот не им дало копии од видео снимките предложени како доказ.

-Јавното обвинителство не е кинотека па да изготвува снимен материјал. На сите им беше овозможено да ги прегледаат снимките. Кога пак обвинувате дека снимките се сечени, лепени и монтирани, очекував уште да спомнете и жолти комбиња, рече обвинителката Рускоска.

Денешното рочиште продолжува со презентирање на видео снимки од насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Извор: IPortal

Слични Објави