РАБОТИТЕ НЕ ОДАТ КАКО ШТО ТРЕБА, ЏАФЕРИ ЈА ПРЕКИНА СРДБАТА СО ПАРТИИТЕ, НАЈАВИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

//

Претседателот на Собранието Талат Џафери за напладне најави прес-конференција откако на денешната редовна понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи не бил постигнат договор за работата на Парламентот и утрешната седница, на која на дневен ред се закони поврзани со мерките за справување со Кодив-19.

Според информации од пратеничките групи, ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите со тоа што ќе присуствуваат на седницата и ќе обезбедат кворум, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива повлекувањето на речиси 32.000 за околу 20 закони го условиле со усогласување со Предлог-закон за државјанство. По ова, според информациите од Собранието, Џафери ја прекинал координацијата и свика прес-конференција.

Собранието, поради пратеници со Ковид-19 од владејачкото мнозинство, немање кворум и блокирање на опозоциските партии, не може да гласа за многу законските текстови за кои веќе е завршена расправа, како и за оние што се на дневен ред на утрешната седница 36. седница.



Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се закони од петиот сет мерки за справување со Ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка. Утре пратениците треба се изјаснат и за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, а на дневен ред на 36. пленарна седница се и интерпелации поднесени од опозоцијата, предлог закон за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

ШЕКЕРИНСКА: НИЕ СМЕ НАТО, ПРИСТИГНА ПРВАТА КОМПОЗИЦИЈА СО ИНЖЕНЕРИСКИ МАШИНИ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ВО КРИВОЛАК

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ СО КРИЗНИОТ ШТАБ ЈА РАЗГЛЕДУВААТ СОСТОЈБАТА СО КОВИД 19

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување