ФИТР со 5,7 милиони евра ќе поддржи 103 компании кои ќе инвестираат во технолошки развој
Вкупно 103 компании од пристигнатите 700 апликации ќе бидат кофинансиски поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите идеи за технолошки развој за забрзан економски раст.
Поддршката од ФИТР е 5,7 милиони евра, додека компаниите ќе вложат сопствени средства во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.
Компаниите кои влегоа во финалната селекција имаат 2.049 вработени лица. Најголем дел или 69 се мали компании, 21 се микро и 13 се средни компании. Само 22 се компании кои и претходно користеле средства од ФИТР, а останатите за првпат аплицирале. Солиден процент, речиси 30 компании, се старт ап односно млади компании. Доминираат компаниите од Скопскиот регион, но има компании и од сите други региони. Целиот напис можете да го видите овде.
Извор: Zoom .mk

