| |

За првпат во земјава спроведена постапка за стимулација на нервот вагус

За првпат во јавното здравство во нашата земја, денеска се направи една интервенција што означува почеток во работа во една сосема нова сфера во неврохирургијата и неврологијата, а тоа е т.н. постапка за стимулација на нервот вагус и се користи за подобрување на квалитетот на животот на пациентите кои имаат епилепсија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија.

Станува збор за пациенти кај кои терапијата нема никаков ефект и кои имаат многу чести епилептични напади и не можат да ги вршат нормалните животни функции.

– Со оваа метода се намалува и фреквенцијата и силината на нападите и сега оваа група пациенти има сериозна шанса да се врати во нормалниот живот, нагласи Филипче.

Во земјава има околу 15 илјади пациенти кои имаат епилепсија, а 30 проценти не реагираат на терапија. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави