ПЕНДАРОВСКИ СО КРИЗНИОТ ШТАБ ЈА РАЗГЛЕДУВААТ СОСТОЈБАТА СО КОВИД 19

//

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше на редовната седница на Главниот координативен кризен штаб на која беа разгледани најновите состојби во државата предизвикани од пандемијата и беа разменети информации и мислења за актуелните мерки за спречување и ширење на вирусот Ковид-19.

Како што информираат од неговиот кабинет, на седницата ресорните министри и претставниците на надлежните институции информираа за тековните активности, за преземените мерки и за ефектите од нивната имплементација.

Претседателот Пендаровски посочи дека сите надлежни институции треба да продолжат со максимална посветеност и координирано да ја следат епидемиолошката состојба и доколу има потреба да се разгледаат можностите за надополнување на мерките.



Посебно потенцираше дека додека не се создадат услови за масовна имунизација на населението, граѓаните треба да продолжат со совесно и одговорно однесување и да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот.

Претходна статија

РАБОТИТЕ НЕ ОДАТ КАКО ШТО ТРЕБА, ЏАФЕРИ ЈА ПРЕКИНА СРДБАТА СО ПАРТИИТЕ, НАЈАВИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Следна статија

ВО БЕЛГИЈА Е ОТКРИЕН НОВ ВИД НА КОРОНАВИРУСОТ

Најново од Вести