| |

Георгиев: Политичката елита во Скопје е напикана во ќоше, не очекувам промена во бугарската позиција по Консултативниот совет кај претседателот

„Тоа што го слушам од Димитар Ковачевски во изминатиов месец, не е ништо друго освен празни зборови. Реториката потсетува на тоа што го слушавме до моментов од неговиот претходник. Спроведувањето на Договорот за добрососедство беше прекинато еднострано од македонска страна пред речиси 2 години. Политичката елита во Скопје е напикана во ќоше, бидејќи политичарите во РС Македонија ги излажаа своите гласачи два пати “, изјави новинарот од БТВ Иван Георгиев во утринската програма на истата телевизија.

„Првиот пат беше во 2018 г. кога тие ја обврзаа европската иднина на земјата со Преспанскиот договор, со којшто се смени името на државата, без да обрнат внимание на отворените прашања со Бугарија“, вели Георгиев.

„Вториот пат кога тие излажаа и продолжуваат да ги лажат своите гласачи е тврдењето дека бугарската позиција во однос на РС Македонија е резултат на внатрешно-политичките проблеми во Бугарија. Тоа очигледно не е така. Сето тоа донесе голем „шамар“ за владејачката партија СДСМ, која ги изгуби локалните избори минатата година “, смета Георгиев.

Според бугарскиот новинар состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност што треба да се одржи денеска под водството на претседателот Румен Радев нема за цел да ја промени моменталната позиција на Бугарија во однос на РС Македонија.

„Не очекувам некаква темелна промена на бугарската политика во однос на РС Македонија. Треба да знаеме дека политиката е вештина на пораките. Овој Консултативен совет, колку што е важен за бугарската позиција, во иста мера е важен и како порака за нашите западни партнери, бидејќи судбината на земјите од Западен Балкан, ужива посебно внимание во моментот и во изминатите две години. Кој од политичките ликови во бугарскиот државен врв искажа различен став во однос на РС Македонија? Ниту еден. Јас не слушнав дека бугарската позиција се менува на било каков начин. Претседателот Радев беше во Брисел и во Стразбур, се сретна со нашите западни партнери и во повеќе наврати подвлече дека бугарската позиција нема да се менува. Не очекувам промена, очекувам единствено активизирање на односите, кои во изминатите две години буквално се запрени “, вели Георгиев.

Видеото од гостувањето на колегата Иван Георгиев во утринската програма на БТВ можете да го погледнете овде.



Слични Објави