СОВОЗАЧ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОТКАКО АВТОМОБИЛОТ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ

Вчера во 17.40 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, кај крстосницата Лагово, патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(51) од Струга, излетало од патот.

Во незгодата, сопатникот од возилото А.Ш.(55) од с.Велешта се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Прилеп.