ВО ДЕЛЧЕВО ОПШТИНАТА ГИ УТВРДИ СТИПЕНДИСТИТЕ ПО ПОВТОРЕНИОТ КОНКУРС

Утврдена листата на ученици од Делчево кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година. По повторениот Конкурс за доделување ученички стипендии на одлични ученици од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“ како што информираа од Општината се доделени осум стипендии на одлични ученици од втора, трета и четврта година кои учат во Делчево, чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.

– Комисијата за доделување стипендии имајќи ги предвид критериумите по првата точка, одлучи стипендии да добијат Софија Аралампиевска, Глорија Димитровска, Ана Манасиева, Елеонора Величковска, Ангела Анакиевска кои се ученички во втора година гимназија и Ана Анакиева, Ѓеоргина Витанова и Димитрина Апостолова кои се ученички во трета година гимназија, информираа од општината.

Стипендијата за овие ученици е во износ од 1.000 денари, а ќе се исплаќа девет месеци започнувајќи од јануари 2020.

– По втората точка од конкурсот стипендија доби Марта Тасева ученичка во трета година гимназија. Стипендијата е во износ од 1.500 денари, а ќе се исплаќа за период од девет месеци започнувајќи од јануари 2020 година. Финансиските средства за ученичките стипендии се обезбедени од Буџетот за 2020 година, додадоа од Општината.

За оваа 2020 година, Општина Делчево додели 28 стипендии од кои 18 се ученички за ученици кои учат во СОУ „М.М.Брицо“ и 10 студентски стипендии за студенти од Делчево кои студираат на државни факултети во Македонија.