ШИРАЗИ: ОДМАЗДАТА ЗА УБИСТВОТО НА СОЛЕЈМАНИ СЀ УШТЕ НЕ Е ЗАВРШЕНА

Иранските сили сè уште не ја завршија својата одмаздата за атентатот врз командантот на специјалните сили „Ал-Кудс“, Касем Солејмани. Ова го изјави Али Ширази, претставник на иранскиот духовен водач ајатолахот Али Хаменеи, цитиран од ТАСС.
„Одмаздата на непријателите за убиството на Сулејмани и неговите соработници сè уште не е завршена“, се вели во денешната изјава на Ширази.
Според неговите зборови, можно е да се преземат контра-мерки не само од Иран, туку и од „ силите на отпорот“, како што Техеран ги нарекува сите проирански групи во регионот, кои се борат против „светскиот империјализам“.