ДЕНЕСКА ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА „ОСКАР“ – „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ Е ВО ПОТЕСНИОТ КРУГ

Филмската академија денеска ќе ги соопшти номинациите за трката за Оскарите што ќе се оддржат на 9 февруари во Лос Анџелес.

Македонскиот филм „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии – за најдобар документарец и за најдобар странски филм, па за неколку часа ќе стане извесно дали ќе добие номинација и ќе биде поблиску до престижната статуетка.

Соопштувањето на номинациите може да се следи во живо. 

Во категоријата Најдобар документарен филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов влезе во потесниот избор за номинација од 159 документарци.

Петнаесетте во потесниот избор, покрај „Медена земја“ се: Advocate, American Factory, The Apollo, Apollo 11, Aquarela, The Biggest Little Farm, The Cave, The Edge of Democracy, For Sama, The Great Hack, Knock Down the House, Maiden, Midnight Family и One Child Nation.

Во категоријата Најдобар странски филм имаше 91 филм, а „Медена земја“ се најде на во потесниот избор од 10 наслови: The Painted Bird (Република Чешка), Truth and Justice (Естонија), Les Misérables (Франција), Those Who Remained (Унгарија), Corpus Christi (Полска), Beanpole (Русија), Atlantics (Сенегал), Parasite (Јужна Кореја) и Pain and Glory (Шпанија).

Ако добие номинација за Оскар во двете категории, „Медена земја“ (Honeyland) ќе биде прв македонски филм што успеал во тоа.

Извор: Макфакс