|

Одбележуваме 128 години од раѓањето на големиот македонски Бугарин, активист на ММТРО и ВМРО Јордан Чкатров

На 4-ти април 1897 г. во Прилеп роден е ЈОРДАН ТОМОВ ЧКАТРОВ, активист на ММТРО и ВМРО.

Учел во Бугарската гимназија во Битола, потоа во Скопје и Софија. Од 1912 – 1915 г. учествува во младинска група, која го саботира србското управување и администрација во Прилеп. Завршил право во Швајцарија. Еден е од основачите на студентското друштво „Вардар“. Станва близок на ВМРО и пред Г. Баждаров даваат заклетва Иван Михајлов, Јордан Чкатров и Крсто Велјанов во Македонската младинска тајна револуционерна организација. Во 1924 г. Тодор Александров го испраќа Чкатров во САД, за да учествува во организирањето на новосоздадената Македонска патриотична организација. Три години е на должност секретар на ЦК на МПО, додека Пандил Шанев е претседател на организацијата. По убиството на Т. Александров, Чкатров го привлекува МПО кон десните сили на револуционерното движење. Тој има основна ролја и во создавањето на весникот „Македонска трибуна“ и е негов главен редактор. По враќањето во Бугарија е среде видните дејци на михајловистичкото крило на ВМРО. На 26-ти јануари 1930 г. група протогеровисти начело со Лев Главинчев прави неуспешен обид да го убие. По Деветнаесетомајскиот преврат од 1934 г. Ј. Чкатров и други дејци на растурената ВМРО се затворени од новата власт. Тој поддржува контакти со други дејци и пишува статии, посветени на македонското прашање, во кои ја критикува политиката на зближување со Југославија на тогашните бугарски влади. Од 1938-1942 г. живее во Белгија и Швајцарија. Чкатров е еден од основачите на Бугарските акциони комитети во Вардарската бановина во 1941 г. Работи како адвокат во Скопје. Од 4 – 5-ти јули 1942 г. во неговата адвокатска канцеларија се спроведеува средба, на која што присуствуват 19 души видни обштественици, политичари, трговци и кметови. Предложено му е на Чкатров да стане министер и тој изјавува желба да биде министер за надворешни работи, но тоа не се прифаќа.

Во 1944 г. Ј. Чкатров и Т. Чундев се поканети да соработуват со новата власт од Методи Андонов Ченто. По установувањето на комунистичката власт во Скопје Ј. Чкатров е уапсен. При протестирањето заради стрелањето на брат му Димитар е затворен во карцер во најжестоки услови. Осуден е по обвинение за „учество“ во братоубиствените војни на 15 години затвор. По убиството на брат му, започнува штрајк со глад и умира во ноември 1946 г. во скопскиот затвор.

“Владите на грабливците на нашата татковина се стремат да го убедат светот, дека ослободителното движење во Македонија е плод на надворешни, предимно Бугарски државнички махинации, а не на резултат на оние сложености од условите, среде кои изнемоштуваат нашите сонародници. Србските и грчки шовинисти дури го одрекуваат суштествувањето на каков и да е Бугарин во завладеаните територии од нив. Среде тоа се крева историската вистина и сегашните пројави на поробеното население. И без нив, меѓутоа, достаточно е да се погледне на емиграцијата од Македонија во Америка, за да се разбере смислата на целото македонско движење, како и вистината врз националниот карактер на населението од Македонија. Нашата емиграција во Америка се состои главно од бегалци од западна Македонија. Големото мнозинство од нив не биле никогаш во Бугарија. Меѓутоа, ниту еден македонец-словен не декларира во слободна Америка, при недостиг на каков и да е морален или физички притисок, дека тој е Србин. Македонските словени во Америка се чувствуваат како Бугари. Тие имаат Бугарски цркви и училишта; издаваат Бугарски весници и книги; се служат со Бугарскиот јазик, кој им е мајчин јазик, се гордеат со своето Бугарско име и Бугарско сознание. Тие не се и не можат да бидат жртва на „Бугарската пропаганда“.

МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО АМЕРИКА, 1927 г.

“Тодор беше најјакиот стожер на бугарското национално сознание во Македонија. Ние нема да згрешиме, ако кажеме, дека тој беше возродителот на бугарскиот дух, и на бугарските надежи и во слободното царство по несреќите од 1918 г. За Александров запазувањето на духовното единство меѓу слободни и поробени Бугари беше најсуштествената задача на целата негова дејност. И мнозина наши сонародници би направиле историска грешка, ако сметат, дека тоа негово разбирање беше во спротивност со интересите и политичките идеали на македонското ослободително движенее. ВМРО се бори и ќе се бори за извојување политичка автономија на нашата татковина, каде што сите националности ќе се радват на еднакви права и ќе носат еднакви задолженија. Но запазувањето на националниот карактер на различните елементи од македонското население и нивниот културен развој, треба да биде основната грижа на секој македонски борец. И евентуалната наша равнодушност кон народното сознание на македонските Бугари, кое што угрозено се погубува от новите владетели, не е ништо друго, освен уништување на самата ВМРО и на самата идеја за автономија на Македонија.”

НЕГОВИОТ ЗАВЕТ, 1931 г.

Слични Објави