Македонско-бугарската стопанска комора отвори нова канцеларија во Скопје
Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, Билјана Митева, и амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, свечено ја отворија новата канцеларија на комората во Скопје, пренесува БНР. Настанот се одржа во присуство на бројни членови на комората, дипломати од бугарската мисија во Северна Македонија, претставници на бизнис-заедницата во земјата, како и други гости.
Митева им посака на членовите на комората границите да не бидат пречка, туку можност за видлива бизнис-соработка. Амбасадорот Радуков, пак, изрази надеж дека заедничкиот бизнис меѓу двете земји ќе се забрза и ќе донесе нови успеси од двете страни на границата.
Во рамките на свеченоста, на амбасадорот Радуков му беше врачена плакета со благодарност кон амбасадата и бугарскиот народ за поддршката и спасувањето на повредените во пожарот што се случи во март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

