Перев за Дебати.бг: Во Скопје сакаа да го претстават Давид Лорер како одмаздник, кој ќе ѝ се спротивстави на Бугарија во однос на РС Македонија

//

Дебати: Дали трагичната несреќа со автобусот на автопатот „Струма“ ги зголеми антибугарските чувства во земјава?

Владимир Перев: По несреќата со автобусот во Бугарија, во РС Македонија нема антибугарско расположение. Антибугарските чувства не само што не се изострија, туку и ги снема. Во катастрофата се изгуби антибугаризмот. Дозволуваме катастрофи да ни ги решаваат меѓусоседските односи, наместо тоа да го прават моментите на среќа. Македонските новинари испратени во Бугарија зборуваат со убави емоции за целото бугарско општество. Тие покажуваат и добри примери – на пример, како таксистите ги превезувале Македонците бесплатно. Сите сигнали кои доаѓаат од Бугарија се примени апсолутно позитивно. Ова е првпат во историјата да имаме исти ставови за некој настан. Соопштенијата од бугарското обвинителство и полицијата се прифатени во Македонија и истите се пренесувани со доверба и без никакви коментари. Пофалби имаше и од обвинителот за неговите бугарски колеги и квалитетот на нивната работа. Истото важи и за судските лекари кои работат заедно. Негативни повратни информации не се слушнаа од ниту една страна. Ова е најпозитивното нешто што може да се научи од оваа катастрофа. Дури и подоцна, кога беше пронајдено последното тело, немаше критики дека некој не си ја завршил добро работата. Апсењето на Бугарин поради недозволиви коментари на Фејсбук беше одлично прифатено во Македонија. Сето ова се смета за нормално и нешто што треба да биде иднината на нашата политика. Се беше професионално од двете страни.

Дебати: Што очекувате да се случи по оставката на Зоран Заев?

Владимир Перев: Зоран Заев за време на владеењето собра околу себе многу непријатели. Даде многу ветувања по различни теми, без намера да ги исполни. Токму поради тоа, најпрвин го намразија најблиските соработници, потоа ја загуби поддршката од подалечните, и се разбира на крајот се појави опозицијата. Тој има мнозинство во парламентот од еден пратеник, велејќи дека бројката може да се искачи на 3-4 пратеници. Но, главниот проблем за Зоран Заев не е она што го направи, туку она што не го направи. Постои големо разочарување од него, бидејќи тој, не си ги исполнува ветувањата. Важи за лажго кој откако ќе ја „премине реката“ може да ги запали сите мостови. Неговата оставка ќе значи нови прегрупации во парламентот. Но, што и да се случи, Заев е веќе „патник“ во умот на луѓето. Тој направи уште една грешка. Она што беше успех на неговата политика – потпишувањето на договорот со Грција – не успеа да го потврди. На македонски начин, малку подмолно и подло, им вети на Грците многу работи, изтри неколку натписи и се остана исто. Истото се случи и со Бугарија. Тој го потпиша договорот со Борисов и мислеше дека тоа е доволно за да се извлече. Но, стана јасно дека во Бугарија има луѓе кои не сакаат да гледаат како некој ги исмева.



Дебати: Зошто македонските политичари и медиуми побрзаа да кажат дека доколку Даниел Лорер стане министер за надворешни работи, преговорите ќе почнат да одат напред?

Владимир Перев: Од македонска страна разговорите неформално ги водат две лица. Станува збор за поранешниот премиер, лидер на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Има и луѓе од бугарска страна кои се трудат да му помогнат на Заев да се приближи до бугарското општество и да го надмине ветото на Румен Радев и на претходната власт. Двајцата преговарачи немаат свои луѓе во Бугарија. Затоа на секој начин во Македонија се обидуваат да покажат дека имаат информации за нешто. Ова беше грешка на Владо Бучковски. Отиде во Софија и кажа дека може да ги реши бугарско-македонските отворени прашања. Потоа се врати во Скопје и за да покаже колку е важен, рече дека Даниел Лорер ќе биде министер за надворешни работи и дека истиот ќе биде благонаклонет кон Скопје. Беше малку грубо, тоа што се спомна, дека Лорер има еврејско потекло. Во глобала бугарските Евреи ги мразат Македонците, бидејќи дозволиле 8.000 од нив да бидат депортирани. Пораката беше дека Лорер некако ќе се одмазди и ќе и даде приоритет на македонската позиција кон Бугарија. Го представија како одмаздник против Бугарите и против поранешниот режим и дека некако ќе и помогне на Македонија со тоа што ќе се спротивстави на Бугарија. Не го познавам Лорер, но мислам дека му направија многу лоша услуга. Неговото име го ставија во многу непријатна ситуација и во бугарското и во македонското општество. Наместо да изградите доверба во него, градите имиџ на човек, кој ќе се одмаздува за работи што се случиле пред 80 години. Ова беше погрешен потег на владата на Заев и оние кои го претставуваа пред бугарското општество. Важно е македонското општество да се помири со себе и со минатото. Кога ќе го направи тоа, тогаш ќе има и иднина. Треба да се разбере дека никој во Бугарија не сака им ја одзема националноста или државата на Македонците. Но мора да се признаат и човековите права на сите оние македонски државјани, кои себе си се декларираат како етнички Бугари.

Претходна статија

Сопругата на бугарскиот амбасадор, Билјана Ангелова со кампања против домашното насилство

Следна статија

(Фото) Одбележуваме 114 г. од убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов

Најново од Интервју