Како какви да се попишат Бугарите во РС Македонија, ако нема разлика меѓу Македонците и Бугарите?

//

Гледам дека почнале дискусии за тоа, како да се попишат Бугарите во Северна Македонија, бидејќи немало разлика меѓу Македонците и Бугарите! Се плашам дека таквата позиција може да донесе уште поголемо намалување на Бугарите крај Вардарот.

Затоа, сакам да споделам дека, како што нема етнографска разлика помеѓу Германците и Австријците во Австрија, но тие се попишуваат во две одделни групи, така нема разлика меѓу Бугарите и Македонците во Македонија, и тие треба да се запишат во две одделни групи. Целта на пописот на населението не е да се покаже дали постои разлика помеѓу граѓаните на една земја или не, туку да го покаже она што поединецот го изјавува. Декларативноста е основен статистички принцип на секој модерен попис. Го кажувам тоа како демограф.

Затоа, верувам дека лицата што ја зачувале својата бугарска самосвест треба да се декларираат како Бугари и, соодветно, како свој мајчин јазик да го посочат бугарскиот.

Ова веќе го направија стотици граѓани на Северна Македонија кои живеат во странство и беа преброени на пописот преку Интернет. Многумина од нив ми испратија скриншотови од пополнетите пописни листи, така што веќе имаме докази дека граѓани на Северна Македонија својот мајчин јазик го декларираат како бугарски, т.е. неспорно утврден факт е дека официјалниот јазик во Скопје, кој според Уставот на земјата се нарекува Македонски, локалните Бугари го доживуваат како Бугарски. Постои еден јазик со две имиња и нема да отстапиме од овој факт.

Фб статус на доц. д-р Спас Ташев



Претходна статија

КНА: Охрид е нераскинливо поврзан и со бугарската историја

Следна статија

Повеќе од 700 Македонци и странци со бугарско потекло годинава ќе учат во бугарските универзитети

Најново од Истакнато