ОСМАНИ: СИГУРЕН СУМ ДЕКА ЌЕ ДОБИЕМЕ ДАТУМ ВО ОКТОМВРИ

Октомври ќе биде историски месец за Македонија, сигурен сум дека ќе добиеме датум за почеток на преговори, изјави вицепремиерот Бујар Османи на конференцијата „Добро управување и владеење на правото во однос на перспективите за интеграција во ЕУ” што се одржува на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Според Османи разликите меѓу власта и опозицијата околу судбината на новото Јавно обвинителство не се непремостливи и може да се најде решение.