| |

СНОУДЕН СО ШОКАНТНА ПРОГНОЗА: ВЛАДИТЕ ЌЕ НАЈДАТ НАЧИН ДА ГИ СЛЕДАТ СВОИТЕ ГРАЃАНИ И ПО КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

Агентот, кој ги откри скандалозните методи за следење на американски граѓани низ целиот свет од страна на американските тајни служби, во онлајн видео-интервју рече дека здравствената криза ќе има долгорочни последици врз слободата на граѓаните, и истите ќе се чувствуваат долго по крајот на пандемијата.

Во интервјуто снимено на фестивалот за документарен филм во Копенхаген, Сноуден изрази загриженост дека земјите ќе посегнат кон голем број на мерки за ограничување на слободата на граѓаните ќе го осовршат собирањето на нивните лични податоци:

“Во иднина тие податоци можат да вклучуваат брзина на пулсот и срцевата фреквенција, добиени преку фитнес-тракери и паметни часовници. И пет години по надминување на пандемијата, сè уште може да се соберат и да се поврзат со други податоци, како што се она што го гледаме на Интернет – за нив би било интересно да разберат кога срцевиот ритам се крева и доживуваме одредени емоции. Усвојувањето на сегашните мерки може да доведе до ситуација во која владините разузнавачки агенции ќе можат да ја следат емоционалната состојба на нивните граѓани во иднина “.

„Нашиот свет се движи во таа насока секој ден, затоа што дозволуваме паниката да ги контролира сите наши одлуки. Ние дури и не размислуваме за вистинските последици од ограничувањето на нашите права“.

„За време на вонредна состојба властите се чувствуваат удобно со своите нови можности. Тие почнуваат да ги сакаат. Коронавирусот поминува, меѓународниот тероризам веќе не е толку важен, а потоа надлежните почнуваат да наоѓаат нови причини да ги задржат овластувањата што си ги дале сами на себе. Започнуваат разговори, како што се: зошто да го напуштиме ова, ајде подобро да го легитимираме со нов регулаторен акт и гледаме дека тие го прават токму тоа – во сите земји. Ова воопшто не е американска особина. Тоа е светски тренд и се нарекува “„безбедност по секоја цена”, вели Сноуден во видео-интервјуто.



Слични Објави