| |

ВО АМЕРИКА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ БУЛЕВАР ВО ЧЕСТ НА ОБАМА

Градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гаркети соопшти дека во градот ќе се појави булевар именуван во чест на поранешниот американски претседател Барак Обама, напиша на Твитер.

„Официјално: градскиот совет гласаше да го преименува булеварот Родео на булевар Обама! Ние сме среќни дека ова ќе служи како потсетник за жителите на Лос Анџелес и гостите, за се она што претседателот Барак Обама го направи за Америка” – напиша тој.

Претходно, Советот на градот Вилнус во Литванија едногласно ја одобри одлуката да се прогласи за почесен граѓанин на Вилнус 43-от американски претседател Џорџ В. Буш.

На зградата на градската општина во Вилнус беше поставена табла со цитат на Буш: „Секој што ќе ја избере Литванија за свој непријател, ќе стане непријател и на САД”.



Слични Објави