ЏОНСОН: ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ЕУ НА 31 ОКТОМВРИ СО ИЛИ БЕЗ ДОГОВОР

ЕВРОПАЏонсон: Ќе излеземе од ЕУ на 31 октомври со или без договорОбјавено пред 2 часа – 11 септември, 2019Од Макфакс

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја искористи петнеделната парламентарна суспензија за да го обезбеди излегувањето на Велика Британија од Европската Унија на 31 октомври, со или без договор.

„Мислам дека има голем број луѓе кои навистина сакаат ова да се случи, а тоа го вклучува и британскиот народ, како и луѓето од Брисел и нашите пријатели и партнери ширум ЕУ“, изјави Џонсон за Би-би-си.

„Тие сакаат процесот на напуштање на ЕУ да продолжи. Брегзит се одолговлекува веќе три години“, додаде тој.

Пратениците од опозицијата во понеделникот го отфрлија предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори.

Извор: Макфакс