| |

СВЕДОК ВО ЛАСКАРЦИ ФАТЕН ВО ЛАГА, ПРЕД СУД НА НИШТО НЕ СЕ СЕЌАВА

Поранешен возач во фирмата Дурмотурс, Бесник Халили денеска се појави како сведок за несреќата што се случи кај Ласкарци и негираше се што кажал пред јавниот обвинител пред неколку месеци. Денеска Халили на ништо не се сеќава за кобниот автобус кој го управувал од 2007 до 2014 година на релација Гостивар Скопје и обратно, јавува Фокус.

Иако даде заклетва дека нема лажно да сведочи, Халили сега тврди дека обвинителот не го запишал точно она што го кажувал кај него.

-Ова не е вистина, не се мои зборови. Јас не сум толку интелигентен да го кажам ова, тврди Халили.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави