(Видео) Драган Антоновски: Треба да се инвестира во зближувањето меѓу Бугарија и РС Македонија

//

„Треба да се инвестира во зближувањето меѓу Бугарија и РС Македонија. Ова е поадекватна политика од сегашната стагнација во билатералните односи“, изјави Драган Антоновски, директор на државната информативна агенција МИА во ексклузивно интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС.

„Односите меѓу двете земји мора да се градат. Во моментов сме во фаза на распаѓање или стагнација. Посоодветно е да се инвестира во она што нè зближува, отколку во она што нè оддалечува“, рече тој.

Според него, сите прашања што постојат меѓу нашите земји може да се решат, но дали тоа ќе се случи во ова време – одговорот се наоѓа во различните концепти.



„Едно е политиката, друго се граѓаните, друго се чувствата. Тука има многу елементи, а сегашната состојба спречува да се градат добри односи“, додаде Антоновски.

Претходна статија

Петкоски: Говорот на омраза кон Бугарија и фалсификувањето на историјата се спроведува од луѓе кои не и мислат добро на РС Македонија

Следна статија

Без моја согласност го менуваат учебникот по историја- Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од македонско-бугарската комисија

Најново од Вести