КАМЧЕВ СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД ДИРЕКТОРСКОТО МЕСТО ВО „ОРКА ХОЛДИНГ“

Бизнисменот Орце Камчев се повлекол од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“, покажуваат податоците од Централниот регистар. Тој се повлекол од диркторското место, од извршен член на Одбор на директори, а останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа.

На негово место како директор на „Орка Холдинг“ доаѓа Антоније Мариноски, поранешен член на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје. Орка Холдинг се јавува во сопствеништвото на десетици компании, како „Бет Сити Интернешнл“, „Монт“, клиничката болница „Аџибадем Систина“, „Орка спорт“, „Систина фармација“, „Архи“ и многу други.

На барање на Специјалното јавно обвинителство, за истрагата за „Империја“ беше замрзнат дел од имотот на „Орка Холдинг“, а Камчев има забрана за располагање со уделите во компанијата.