КНА: Охрид е нераскинливо поврзан и со бугарската историја

//

Охрид е место нераскинливо поврзано и со бугарската историја. Католичката новинска агенција КНА објави материјал за Охрид во своја серија написи за историјата на христијанството, пренесува DW на бугарски јазик. Еве ги најважните акценти опфатени од авторите.

Охрид бил основан од Римјаните и низ вековите останал важен културен и духовен центар, кој својот најголем просперитет го доживеал во доцниот среден век. Токму од ова место почна „словенската мисија“, а првата словенска архиепископија во Охрид одигра клучна улога во ширењето на христијанството во балканскиот регион.

Свети Климент Охридски (роден околу 835-840 година, починал 916 година) е најпознатиот ученик на словенските апостоли Кирил (827/28 -869) и Методиј (815/20 -885). Климент во 893/94 година станал првиот словенски архиепископ на градот. Тој е и писател и преведувач, и според историски извори, обучува околу 3.500 студенти, меѓу кои е и Свети Наум (околу 830-910).

Охридската школа била еден од двата големи духовни центри на тогашното Бугарско царство. Климент дополнително ја развил кирилицата, и преку неа Охридската школа го шири христијанството и црковнословенската литургија преку Романија на територијата на Киевска Русија, и преку Москва – длабоко во денешна Русија.



По крајот на Првото бугарско царство, Охридската школа сепак опстанува. Градот се развива како центар на православното христијанство во Југоисточна Европа. Како независна архиепископија со огромна територија на почетокот на 11 век, Охрид добил автономија од Бугарската патријаршија, а архиепископот подоцна бил именуван од византискиот царски двор.

До крајот на 12 век, црковната покраина Охрид опфаќала 25 епархии. Поминала бурни векови помеѓу Византија, Бугарија и Србија, кои завршиле во 15-16 век со воспоставувањето на османлиското владеење. За време на востанијата против Османлиите, Охрид ги поддржувал бунтовниците, и како казна за ова во 1767 година Охридската архиепископија била растурена.

Претходна статија

Во пожарот во Горно Мелничани опожарени 10 хектари високо стеблеста букова шума

Следна статија

Како какви да се попишат Бугарите во РС Македонија, ако нема разлика меѓу Македонците и Бугарите?

Најново од Вести