ОКОЛУ 200 ДЕЦА СО НАЈТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ И ЦЕЛОСНО СЛЕПИ ЌЕ ДОБИЈАТ УСЛУГА НА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА
Собранието, во попладневниот дел од работата по дневниот ред на 34-тата седница, ја заврши општата расправа по Предлог законот за изменување на Законот за социјална заштита, во прво читање, чија цел е да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шестгодишна возраст со намален функционален капацитет. За законското решение дополнително ќе се гласа.Со предложените измени се очекува 200 деца со потешка и најтешка попреченост и целосно слепи да добијат услуга на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец, јавува Слободен печат.
Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека станува збор за мала измена на Законот за социјална заштита која многу значи за лицата со попреченост и ќе им овозможи да имаат обучени лични асистенти.
„Во членот 76 од Законот се проширува основот така што и децата со попреченост ќе добиваат услуга на лична асистенција, преку која се обезбедува индивидуална помош и поддршка за вршење на секојдневни активности, заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата“, рече Лазаревска.
Целиот напис прочитајте го овде.