|

ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА СОВЕТНИК НАВРЕДУВАЛ СЛУЖБЕНИЧКА И ФИЗИЧКИ САКАЛ ДА ЈА НАПАДНЕ

Неколкумина советници од Општина Гази Баба вчера морале да интервенираат и да спречат нивен колега физички да нападне службеничка во општината, соопшти МВР.

„На 05.05.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.М.(42) од Скопје пријавила дека на 29.04.2021 околу 14.30 часот на нејзиното работно место во објектот на Општина Гази Баба, А.Т. – советник од една политичка партија ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници“, се вели во соопштението.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Слични Објави