|

Имран Кан сослушан преку видеоврска од затвор во Пакистан

Поранешниот претседател на Пакистан, Имран Кан, беше сослушан преку видеоврска од затворот во врска со случајот што го поведе против измените на пакистанските антикорупциски закони.

„Ројтерс“ соопшти дека неговото видеопојавување се очекува да биде емитувано во живо на веб-страницата на судот и на „Јутјуб“, што претставува првпат јавноста да го види поранешниот лидер по неговото апсење во август минатата година.

Претходно, судот во Исламабад донесе одлука дека поранешниот пакистански премиер Имран Кан може да биде ослободен со кауција, напиша неговиот адвокат на социјалната мрежа Х.



Слични Објави