(Видео) Го слават Гоце, а не знаат каде се наоѓа Одринска Тракија
Каде се наоѓа Одринско? Ова прашање синоќа во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 им го постави на неговите соговорници, претседавачот со Националниот комитет на ГДУ Ѓорѓи Трендафилов.
Водителката и останатите двајца учесници во разговорот членот на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски и поранешниот пратеник Павле Богоевски немаа одговор на тоа прашање.
Трендафилов прашањето го постави во контекст на неделивоста на Македонија и Одринска Тракија за Внатрешната Македоно-Одринска Организација од крајот на 19-тиот до 20-тите години на 20-тиот век. Токму поради таа причина Гоце Делчев активно делувал и во тој регион.
Погледнете го овој интересен момент од синоќешното издание на „Само вистина“: