СДСМ: АПАСИЕВ ПРАВЕШЕ СÈ СО ЦЕЛ ПОМОШТА ЗА ПЛАТИ ДА НЕ СТИГНЕ ДО РАБОТНИЦИТЕ

/

Апасиев е лажен борец за работнички права кој прима државна плата, правеше сè помошта за плати да не стигне до работниците, велат од СДСМ по вчерашното гласање во Собранието за петтиот пакет мерки.

„Левица, партијата која се декларира како левичарска и која наводно се бори за работниците, во Собранието правеше сè за да се загубат работни места и работниците да останат без плата. Апасиев со плата од најмалку 60.000 денари, кој ја добива од граѓаните, правеше сè за граѓаните погодени од корона-кризата да не можат да земат барем минимална плата за месеците февруари и март. По којзнае којпат Апасиев повторно го стави својот политички интерес и его, пред потребите на работниците. Апасиев докажа дека е лажен левичар. Тој е само човек ‘по потреба’ во Собранието, кој одработува за туѓи партиски и лични интереси“, велат од СДСМ.



Владејачката партија додава дека наместо суштински да се бори за работниците, Апасиев гледа преку маката и грбот на работниците да се дограби до политички поени и притоа, како по обичај, не нуди конкретни предлози и не учествува во работните тела на Собранието со свој придонес.

Претходна статија

ФИЛИПЧЕ: СОСТОЈБАТА Е СТАБИЛНА И ПОСТЕПЕНО СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ПРИЕМИ НА ПАЦИЕНТИ

Следна статија

МИЦЕВСКИ: ДОДЕКА ГРАЃАНИ ЧЕКААТ АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО, ПРАТЕНИЧКАТА НА СДСМ ГО КОРИСТИ КАКО ТАКСИ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување