ФИЛИПЧЕ: СОСТОЈБАТА Е СТАБИЛНА И ПОСТЕПЕНО СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ПРИЕМИ НА ПАЦИЕНТИ
На редовниот состанок со директорите на кликите и ковид – центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес.
Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, напиша Филипче.

