ВАРДАРОВИТЕ ПИОНЕРКИ – ШАМПИОНИ ВО ОДБОЈКА

//

Шампионките од одбојкарскиот клуб „Вардар“ од Општина Карпош, од државниот натпревар во одбојка кој се одигра во спортската сала „Независна Македонија“, во училиштето „Невена Георгиева- Дуња“, денеска беа на прием кај градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претседателот на Советот на Општината, Андреј Манолев.

Во финалниот натпревар, екипата од Карпош ги победи одбојкарките она „Јанта Волеј“ од Кисела Вода, со вкупен резултат од 3:0 во сетови. Претходно, во полуфиналето, „вардарки“ беа подобри од одбојкарската екипа „Пелистер“ од Битола, победувајќи со 2:0 во сетови.



Градоначалникот Богоев им го честиташе успехот на пионерките и им посака понатамошни успеси и градење на професионална одбојкарска кариера. Претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев нагласи дека локалната самоуправа секогаш ќе ги поддржува спортистите и спортските настани, особено кај младите, како начин на популаризација на спортот во Општина Карпош, но и како најдобра промоција на локалната самоуправа.

Претходна статија

СДСМ: СЕ РЕАЛИЗИРА УШТЕ ЕДНА КЛУЧНА МЕРКА, ГОЛЕМ БРОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Следна статија

А. КОВАЧЕВ (ЕНП-ГЕРБ): ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОВАЖНА ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ИГРИ

Најново од Истакнато