А. КОВАЧЕВ (ЕНП-ГЕРБ): ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОВАЖНА ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ИГРИ

Бугарскиот европратеник од ЕНП и ГЕРБ Андреј Ковачев во интервју за радио „Фокус“ изјави дека иднината на Македонија не смее да зависи од политичките игри во Скопје и Атина. Според него Заев и Ципрас треба да постигнат договор со своите политички опоненти во Македонија и Грција, бидејќи какво и решение да се предложи, опозицијата веднаш ќе го отфрли и ќе организира протести против истото. Ковачев е дециден дека во двете земји треба да има консензус по тоа прашање бидејќи само така ќе се одблокира патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ковачев изрази надеж дека Грција ќе најде политичка волја и ќе ја „пушти“ Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во јуни.