КРИВА ПАЛАНКА, ИЗЛОЖБА ВО КВИЛИНГ ТЕХНИКА

Денес со почеток во 12.30 часот, во изложбениот простор на Градската библиотека при НУ Центар за култура – Крива Паланка ќе биде отворена изложба дела од креативната работилница во техника квилинг (изработки од хартија)…

Работилницата започна на крајот месец април 2018, а на неа учествуваа петнаесетина ученици од основните училишта во градот, кои изработуваа разни изработки од хартија.