Денков ќе биде домакин на трилатерална средба со премиерите на Грција и Романија
Бугарскиот премиер академик Николај Денков на 9 октомври годинава ќе биде домаќин на Трилатерална средба со премиерите на Грција Киријакос Мицотакис и на Романија Јон-Марсел Чолаку. Средбата ќе се одржи во резиденцијата „Евксиноград“ кај Варна, јавува Фактор.бг.
Главен фокус на разговорите ќе биде регионалното поврзување и поконкретно проектот за коридор од Солун преку Кавала, Александрополис, Бургас и Варна до Констанца со можност за продолжување до Молдавија. Идејата е да се изгради модерна транспортна, комуникациска и енергетска инфраструктура долж трасата, која ќе ги активира економските и политичките врски меѓу вклучените земји. Средбата ја иницираше академик Николај Денков при неговата посета на Атина во август.
Идниот коридор ќе функционира уште поефикасно кога сите земји долж трасата ќе станат членки на Шенген зоната и ќе исчезнат границите меѓу нив.