| |

ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 8 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ НОВ ЗЕЛАНД

Земјотрес со интензитет од 8 степени според Рихтерова скала е регистриран синоќа во близина на брегот на Нов Зеланд.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.

Веднаш по потресот беше издадено предупредување за опасност од цунами и започнала евакуација на дел од населението.

Претходно во текот на денот беа регистрирани уште два силни потреси. Првиот бил со јачина од 7,3 степени, вториот од 7,5 степени според рихтеровата скала.



Слични Објави