|

НОВО ЖАРИШТЕ ВО ОХРИД: ЗАБОЛЕНИ ГОСТИ НА ПРОСЛАВА ЗА НОВОРОДЕНЧЕ

Четворица нови заболени од Ковид 19 се регистрирани денеска во Охрид, јавува ТВ24. Еден од четворицата се заразил на семејна прослава во контакт со заболен охриѓанец инаку вработен во охридскиот затвор кај кого вирусот е потврден во саботата, за преку 15 други кои присуствувале на истата веселба во Охрид се чекаат резултати, а други двајца веќе пријавиле симптоми на вирусот.

Вработениот во затворот во саботата е префрлен на лекување на инфективното одделение во битолската болница, а откако ги добил симптомите немал контакт со колегите оти бил на одмор тврдат од Охридскиот затвор. Првиот ден кога се вратил на работа на самиот влез му била измерена висока температура по што веднаш бил пуштен на тестирање вели за ТВ24 директорот на затворот Ристе Недески.

Слични Објави