„Вевчански карневал е нешто на што Македонците се горди“, рече Џамбазов и со министерката за култура го најавија почетокот на фестивалот
Игор Џамбазов на прес конфенренција рече дека Вевчански карневал е нешто на македонците се горди и заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска го најаваија почетоткот на фестивалот.
„Најкреативните луѓе во Македонија, Вевчанците знаат да направат шега и смеа. Вевчански карневал е бренд кој не смее да се одбие. Драго ми е што министерството за култура е голем подржувач на вевчанскиот карневал. Јас одвај го чекам почетоткот на самиот карневал и посакувам едно успешно издание“, рече Џамбазов.
Официјалниот почеток на Фестивалот ќе биде на 13 ти јануари. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.
„Благодарност до министерството за култура, кога ќе видите што ќе направиме оваа година, ќе сакате и повеќе да ви дадеме наредната година“, додаде Џамбазов.
Како што соопшти министерката, склучен е договор за финансирање на фестивалот од 3 милиони денари, и сумата е префрлена на сметката на општината пред почетокот на карневалот.
„Вевчанскиот карневал е наматеријално културно наследство“, додаде министерката Стојчевска.
Градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски потенцираше дека Вевчанскиот карневал е име и бренд, и дека треба да биде гордост за секоја власт и министер.
– Имаме гости од цела Европа, новинари се присутни секоја година. Има докази дека карневалот се одржувал онолку колку што е старо и Вевчани. Карневалите тогаш се одржувале, бидејќи луѓето на тој начин одговарале на природните непогоди што ги наоѓале, суша, глад, болести. Со текот на времето се формирала администрација, се формирала држава и сега Вевчани е место каде што сите функционери и политичари, оние што цела година правеле негативни работи, истите можат да се видат на карневалот, без навреда. Вевчанскиот карневал нуди хумор и сатира, додаде Кочовски на прес-конференцијата.

