МПО на 100 години

//

Пишува: Владимир Перев

Оваа година, на 3, 4 и 5-ти септември во Форт Вејн, Индијана, САД, ќе се одржи јубилејната 100-та (стота) Конвенција на МПО (Македонската патриотическа организација), најстарата национална и политичка организација на македонците/македонските бугари и другите македонци , од светот. Тоа ќе биде триумф на непобедивиот дух и порив за слобода на македонците/македонските бугари низ целиот свет, обединети во борбата за своите национални и политички права.

МПО е формирна во далечната 1922 година во Форт Вејн, Индијана, а нејзините основачи се во главно македонски емигранти од егејскиот дел на Македонија. Тука се издвојуваат трите големи семејства на Стефанови, Чаневи и Лебамови. Оваа година, одново потомците на тие семејства ќе бидат на чествувањето на стогодишниот јубилеј. Од своето основање, па се до денешен ден, МПО поминала неколку фази на сопственото демократизирање, но во основа останал истиот идеал-формирање на самостојна, независна и демократска македонска држава, со јасно предимство на бугарскиот етнички идентитет во неа. Од својот прв момент, па сѐ до денешните дни, МПО е восприемана нешто како ВМРО, вон границите на Балканот. Тоа е само делимично точно. Фактички, тоа е поинакво ВМРО, американизирано, европеизирано и демократизирано. Затоа е и долговечноста на организацијата и нејзиното тивко и прикриено влијание во американските политички и безбедносни структури. Затоа и Иван Михајлов, неспорниот лидер на ВМРО и најреспектираната личност во МПО, никогаш не успеа да го го наложи своето бескомпромисно лидерство врз Организацијата. Тоа е беше сосема нова појава, различна од неговото авторитарно владеење од времето на ВМРО. Организацијата безспорно е михајловистичка по своите идеи и пројави, но во суштина е длабоко американска и демократска.

Во оваа 100-та Конвенција има симболика. Ќе се одржува и на пети септември, денот на смртта на Иван Михајлов и неспорно е дека за него, ќе има чествување и изрази на почит. Во целиот свој век, тој беше нивната, но и нашата, македонска идеја-светилка во борбата за слобода.

Сепак, чествувањето треба да добие и друга димензија, човечка, со почит кон живите.

На Конвенцијата ќе биде и живата легенда на МПО, Георги Лебамов, син на еден од основачите на МПО Аргир Лебамов. Георги е единаесетиот председател на МПО. Веќе навлезен во 96-та година од животот, Лебамов ќе биде последната вистинска врска на легендарното МПО и вмровските традиции, последниот од старата гарда мпеовци, кој го видел и разговарал со Иван Михајлов.

Со браќата Лебамови се запознав во 1993 година и од тогаш, па се до денешни дни, нашето пријателство остана непоматено. Иван Лебамов почина во 2006 година и во моите спомени останаа незаборавните мигови на дружење со чашка во рака, покрај базенот во неговиот дом. Неговите политички размисли говореа за еден образован американски правник, демократ и лобист за демократска Македонија. Неговото пријателство со американскиот естаблишман, како на пример со Ричард Холбрук, во разговорите со него ми отвораа нови, но замаглени перспективи за иднината на Македонија. Тој ги имаше информациите и со нив располагаше суверено.

Мојот најдобар пријател сепак беше Георги Лебамов. Со негова помош присуствував на дваесетина конвенции на МПО, се него пропатував половина планета. Ако со Иван Лебамов бевме блиски, покрај единството на политичките погледи, со страстите кон тутунот и алкохолот, тогаш, со Георги немавме такви општи навики. Тој не пуши, не пие и е уреден човек, секогаш на време и секогаш исполнителен во обврските, до денешни дни во неговата длабока старост. И покрај тоа нашето пријателство остана непоматено, а неговата финансиска поддршка на моите “расходи“ никогаш, до денешни дни, не секна.

Георги Лебамов има дадено во Македонија само две интервјуа. Едното на Зоран Димитровски за “Фокус“ во подлистокот Глобус, на неутврдена дата, некаде во навечерието на изборите 1998 година, и второто на уредникот на “Капитал“, Љупчо Зиков, некаде околу 2003-4 година. Второто, на Зиков го немам во мојата архива. И двете интервјуа се идикативни по својата концепција, а двајцата уредници крајно коректно ја обавиле задачата. Лебамов беше многу задоволен.

Во интервјуто за “Фокус“ Георги Лебамов говори за своето семејство, за корените и трагедиите за време на Илинденското востание, кога речи си сите негови предци, освен едниот дедо се убиени. Разговорот е воден во неговиот дом во Форт Вејн. Говори со гордост за своите, но и во чест и слава на ВМРО и МПО, за слободата и зачувувањето на традициите. Може да се види дека имал разговори со Љубомир Фрчкоски и Томислав Чокревски, што евидентно говори дека средбите со тогашните двајца министри се остварени по атентатот врз Глигоров од 1995 година, односно, разговорите се последица од неговите службени контакти со Добри Величковски, тогашниот началник на ДБК-а.



Основата на интервјуто е поривот и борбата за демократија и рамноправност на народите во Македонија. Говори со презир за Гео Пирински, бугарскиот комунист на Коминтерна, делегиран во КП на Америка, за тоа како е протеран од Америка и како неговиот син Георги Пирински, во ова ново време, станува председател на бугарскиот парламент…за еден американец, тоа е чист нонсенс, посткомунистичко лудило. Говори за важните личности во МПО, како на пример за Јордан Чкатров, кој бил голем оратор од рангот на Хитлер, Сталин, Мусолини или Клемансо. Може да се види дека тешко ги преболува раздорите во МПО, како во самата организација, така и во весникот “Македонска трибуна“. Интересен е неговиот разговор со Томислав Чокревски, како тогашен министер за внатрешни работи на Македонија. Знаете, вели Лебамов, му велам на Чокревски дека вие правите детски работи со апсењето на Владимир Паунковски од Охрид. Тој се определува како македонски бугарин и ја има илузијата дека е втор Тодор Александров, прави исконска жртва од себе си. Полицијата направи грешка што влезе во неговиот дом и изврши претрес, за да најде докази и да го направи предавник. Ако нему, на Паунковски не му се допаѓа, тој може да си оди од земјата, но ако остане, треба да ги ужива сите права како граѓанин, а не да се гони заради неговите национални или политички определби. Потоа Лебамов говори за средбите со Иван Михајлов и за односот кон јазикот, тврдејќи дека Михајлов бил согласен весникот “Македонска трибуна“ да биде печатен и на македонски јазик, за новите генерации да се запознаат со вистината за националната борба.

Интересни се неговите размисли дека ВМРО СМД не треба да се меша во внатрешните работи на македонските бугари, работите треба да бидат оставени на македонците сами да решаваат, по угледот на МПО кој не се меша во внатрешните работи на Македонија. Секој треба да биде господар на својата земја, а борбата да биде за национални права и демократија.

Од интервјуто на Лабамов поминаа повеќе од дваесет и пет години. Многу работи се случија во овој период. Владимир Паунковски почина пред неколку години од инфаркт. До крајот на животот ја водеше борбата за признавање на својата организација “Радко“. Успеа, ама почина, осамен, заборавен и напуштен од сите, најмногу од нас, бугарите кои се фалевме низ Софија дека сме “радковисти“. Почина и Томислав Чокревски, почина и пријателот и соработник на Лебамов, Добри Величковски, а Фрчковски не успеа да замине во некоја дипломатска мисија. Во меѓувреме, во 2001 година, Македонија беше во војна со албанскиот елемент во државата. До денешен ден се говори дека тоа било само конфликт, но бараната еднаквост и демократија за албанците и за другите народи во земјата не дојде…сега имаме само квоти, како последен чин на сегрегација. Бугарите исто така, не научија многу. Духот на болшевизмот на семејството на Гео Пирински и сличните моќни русофилски бугарски семејства, вилнее низ ходниците на бугарските институции. Најмалку научи софиското ВМРО СМД. Борбата за национални права на македонските бугари, ја претвори во “мафиотска борба за пасоши“. Така, од прегратките на “најбугарската организација и партија“, со пасошките мафиотски пари, во моментов се селектира најголемата антибугарска политичка и социолошка групација, со директна спротиставеност на борбата за национални права на македонските бугари. Се повтори старата приказна за “патот до пеколот и плочките со добри намери“.

Бегло и навидум наивно дадените забележки на Георги Лебамов, за слободата и правата на човекот, беа свесно или несвесно пренебрегнати. Мислам дека беа разбрани, но отфрлени како закана кон владеењето на мафиотските политички и финансови олигархиски структури, како во Бугарија, така и во Македонија. Во своето второ интервју во “Капитал“, Лебамов е многу по директен, со предупредувачки тон кон македонската олигархија, но и тоа беше намерно пропуштено, ставено на маргините на настаните кои следеа. Македонските и бугарските олигарси се сметаа за недопирливи, а војот по слобода, еднаквост и национални права остана неслушнат. Евидентно е дека не сме научиле многу.

На трети септември, во големата сала во Форт Вејн, Георги Лебамов ќе биде пречекан со сите почести. Веројатно и ќе каже некој збор. Сега тоа веќе не е важно. Сите знаеме дека работите се решаваат во кулоарите. Таму некаде, во темните места на Конвенцијата, веќе е ставено прашањето за примена на Законот “Магнитски“ за дел од македонските политичари и бизнисмени, најмногу за оние од опозицијата. Тоа ќе биде “бугарска реприза“ за македонските состојби. Резултатите за Македонија ќе бидат катастрофални, дури и ако законот доследно не биде применет.

Немојте после пак да кажете дека не сте знаеле и дека не сте биле предупредени!

Прилог: Фотогалерија:

Фотографиите се дел од личната архива на Владимир Перев. Конечно да се види дека Георги Лебамов не се фотографирал само со луѓето од безбедносните структури, ги има и други…

Георги Лебамов како американски војник во Втората светска војна.
Еве што мисли за грчкиот владика Германос Каравангелис, американскиот војник Георги Лебамов.
Браќата Георги и Иван Лебамови со Иван Михајлов и ќерката на Тодор Александров Марија Коева.
Георги Лебамов сликан со македонски Бугари.
Георги Лебамов сликан со Благоја Ханџиски и Вања Тошевски, амбасадор и преговарач за името со Грција.
Георги Лебамов сликан со Димитар Гоцев и Красимир Каракачанов.
Владимир Перев сликан со Иван Лебамов и неговата сопруга.
Владимир Перев сликан со Иван Лебамов и неговата сопруга.
Перев и Иван Лебамов сликани покрај базенот на Лебамов.
Георги Лебамов, Владимир Перев и проф. д-р Ангел Димитров.
Георги Лебамов со архиепископ Стефан и владиката Наум.

Георги Лебамов сликан со неговиот вујко Киро Зеков и неговата вујна, Зеков е последниот михајловист, контрачетник и припадник на “Охрана“ во Егејска Македонија. Бил суден и затворен како припадник на „Охрана“ во Грција, потоа е затворен и во Македонија како бугарски елемент. Живеел и починал во скопската населба Автокоманда, почитуван од сите.



Претходна статија

Мелбурн: Македонците во Австралија делеле летоци напишани „на македонскиот дијалект на бугарскиот јазик“

Следна статија

Која жена сака да проба вкусна лутеница и да најде убав маж да ги побара во селото Логодаж

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо