РС Македонија празнува 31 г. независност
РС Македонија денеска го празнува 8 Септември, Денот на независноста. На денешен ден пред 31 година беше одржан референдум на кој 95 отсто од излезените гласачи, се изјаснија за независна држава. На овој ден од плоштадот „Македонија” беше објавено дека Република Македонија е независна и суверена држава.
Првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои Декларацијата за независност.
Државноста беше утврдена на 17 ноември, со усвојувањето на Устав на Република Македонија, државата монетарно се осамостои со воведувањето на денарот на 26 април 1992, како и со формирањето на вооружение сили.
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации Република Македонија беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.
По децениски преговори со Преспанскиот договор во 2018 година Република Македонија го промени името во Република Северна Македонија, со што во заборав замина референцата ПЈРМ, а новото име стана задолжително за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба од страна на официјални личности и државни инсституции.
Во март 2020 година, РС Македонија стана членка на НАТО. Преговорите со ЕУ, РС Македонија ќе ги започне суштински, откако Бугарите станат дел од Уставот на земјата.
