| |

Композиторот Љубомир Денев со камерна опера, посветена на Пејо Јаворов

Трагичната судбина на еден од најталентираните бугарски поети, Пејо Јаворов, го инспирирала бугарскиот композитор Љубомир Денев да ја создаде музиката за камерната опера „Стон или трагедијата на Јаворов“, чија премиера ќе се случи денеска со почеток од 20 часот на сцената на Летниот театар во паркот Ајазмото – Стара Загора. Диригент ќе биде самиот композитор.

Делото ќе биде изведено во родната куќа-музеј на поетот во Чирпан на 31 мај, како и во Софија на 2 јуни во Националниот дворец на културата – Театар „Азарјан“, во рамките на фестивалот „Софиски музички недели“,

Либретото, дело на Бојко Илиев го следи комплицираниот однос во љубовниот триаголник со двете музи на Јаворов – Лора и Мина. Музиката комбинира типичната мелодичност на времето и елементи на некои танцови жанрови од почетокот на 20 век со изразена современа театралност.



Слични Објави