ЗАЕВ: АКО „ШВЕРЦЕРИ“ НЕ ЈА ПЛАТАТ ШТЕТАТА ВО МНТ, ТОГАШ ЌЕ ПЛАТИ ДИРЕКТОРКАТА
„Ако навивачката група „Шверцери“ не ја плати штетата, тогаш ќе ја плати директорката на МНТ, рече премиерот Зоран Заев на доплнително пратеничко прашање за казната за директорката по неодамнешното дивеење на „Шверцерите“ при прослвата на 30-годишниот јубилеј од постоењето во театарот.
Премиерот повтори дека во согласност со одлуката, министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, бидејќи таа имала само усна комукација со организаторите на настанот.

