| |

СДК: ОКОЛУ 5000 ЕВРА Е ШТЕТАТА ОД УНИШТЕНИОТ ЗЕЛЕН ПОКРИВ НА ГТЦ

Околу 5.000 евра е штетата што ја направи лицето кое на 30 август го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, јавува СДК.МК.

Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски вели дека тужба против сторителот, кој беше фатен на безбедносните камери, ќе поднесе фирмата која ги врши градежните работи.

На 30 август сопственик на хотел кој се наоѓа во трговскиот центар кршеше и уништуваше дел од поставените инсталации оти не му било дозволено дел од зелениот покрив да го превори во летна тераса.



Слични Објави