КАРАКАЧАНОВ: БУГАРИЈА НЕ Е РАЗГРАДЕН ДВОР, ЌЕ РЕАГИРАМЕ ВЕДНАШ ПРОТИВ БЕГАЛСКИОТ БРАН

Министерот за одбрана на Бугарија и потпредседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов изјави пред бугарските медиуми дека ситуацијата на границата со Турција засега е мирна, но Бугарија е подготвена да одговори во случај на бегалскиот бран.

„Ова е алатката за притисок. Ердоган рече дека ако Европа не му даде уште милијарди, ќе ги отворел границите. Па, ако се случи вакво нешто, мора да реагираме како порано – цврсто. Бугарија не е разграден двор, затоа постои и оградата на границата со Турција. Објектите се воспоставени. До 2000 војници се подготвени веднаш да бидат испратени на границата“- изјави Каракачанов.