Бугарскиот актер Ицко Финци ќе ја претстави книгата-албум „Во Софија, каква што беше“
Доајенот на бугарската актерска фела Ицко Финци денеска, 12 септември, пред публиката ќе ја претстави својата нова книга-албум „Во Софија, каква што беше“ во Малиот градски театар „Зад каналот“ во бугарскиот главен град, јавува БТА.
На средбата присутните ќе можат да разговараат со авторот и да поставуваат прашања за новото издание.
Во рамките на промоцијата ќе бидат прочитани и стихови од Едгар Алан По, цитирани во книгата. Финци ќе ги претстави онака како што во минатото ги слушал од својот татко.
Програмата вклучува и читање на два кратки раскази што Финци ги напишал само неколку часа откако книгата-албум веќе била предадена во печат.
Издавач е образовната платформа за уметност „Филизи 33“.
