| |

Примата на бугарската естрада Лили Иванова организира хуманитарен концерт во поддршка на Сојузот на артистите во Бугарија

Во Софија на 8 мај ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на здравствениот фонд на Сојузот на артистите во Бугарија, јавува БНР. Настанот е организиран од фондацијата на примата на бугарската популарна музика Лили Иванова и се одржува под покровителство на претседателката на Бугарија Илијана Јотова.

На концертот ќе настапат ѕвездите на бугарската естрада Васил Најденов, Орлин Горанов, Тони Димитрова, Маргарита Хранова, Веселин Маринов, Љубо Киров, Миро, Графа, Марија Илиева, Софи Маринова, Браќа Аргирови, Дара и Михаела Маринова.

Средствата од билетите и донациите ќе бидат наменети за лекување на артисти преку здравствениот фонд на Сојузот на артистите во Бугарија.

Слични Објави