| |

Радев: Избравме професионалци со докажани квалитети за министри

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека неговата парламентарна група ќе го поддржи предложениот владин кабинет, што треба да биде гласан во бугарскиот парламент, јавува БГНЕС. Радев пристигна во Собранието со сопругата Десислава Радева. Вчера составот на идната бугарска влада беше претставен пред претседателката Илијана Јотова.

„Избравме професионалци, луѓе со докажани квалитети, луѓе кои ќе ја завршат работата“, изјави Радев за предложениот состав на владата.

Тој посочи дека приоритети на идната влада ќе бидат растот на цените, инфлацијата, буџетот, дефицитот, новиот Висок судски совет и Планот за закрепнување и отпорност.

„Треба да се направи многу детален финансиски анализ на државата, да ги откриеме скриените дефицити“, рече Радев, додавајќи дека веќе во понеделник ќе бидат предложени законски измени за поголема контрола на цените.

„Ќе се кратат трошоци таму каде што може, но во никој случај нема да се кратат приходи и социјални плаќања“, изјави Радев.

Слични Објави